Москва: Испраќање меѓународни мировни сили во Украина би било „многу непромислено“

Од:

Официјална Москва денеска го осуди „непромислениот“ предлог на Полска за испраќање меѓународни мировни сили во Украина и предупреди дека тоа може да доведе до директен конфликт меѓу руските војници и силите на НАТО.

Полска минатиот петок соопшти дека официјално ќе поднесе предлог за мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО.

Запрашан за иницијативата, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека „тоа би била многу непромислена и крајно опасна одлука“.
Тој за време на конференцискиот повик им рече на новинарите дека секој можен контакт меѓу руските и силите на НАТО „може да има јасни последици што би било тешко да се поправат“.

Лидерот на полската владејачка партија, Јарослав Качински, минатата недела во Киев оцени дека „ е неопходно да се има мировна мисија на НАТО и можеби некои пошироки меѓународни структури, но одбранбена мисија која ќе дејствува на украинска територија“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска, исто така, го критикуваше предлогот во својот говор пред студентите и професорите на Московскиот државен институт за меѓународни односи.

– Тоа би бил директен конфликт меѓу вооружените сили на Русија и на НАТО, кој сите не само што се обидоа да го избегнат, туку рекоа дека во принцип тоа не треба да се случи, додаде шефот на руската дипломатија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он