Анкета: Седум од десет Грци против Русија во војната со Украина, но и против одлуката за испраќање оружје

Од:

Седум од десет Грци се против Русија во војната со Украина, речиси шест од десет има негативни чувства за Русија, исто толку ги поддржуваат санкциите за Москва, а 66 отсто не се согласуваат со одлуката на грчката Влада да испрати воен материјал и оружје за украинската војска, покажуваат резултатите од двете нови истражувања на јавното мислење во Грција спроведени од агенциите „Metron analysis“ и „Marc“ за грчките телевизии „Мега“ и „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

За 36 отсто од анкетираните во истражувањето за „Мега“, економијата е најголем проблем во земјата, потоа следи покачувањето на цените (29 проценти), невработеноста и пандемијата (со по шест отсто).

Речиси шест од десет испитаници (56 проценти) сметаат дека нивната лична ситуација е полоша споредбено со една година претходни, а 61 отсто одговориле дека земјата оди во погрешна насока.

За влијанието на покачувањето на цените, според истражувањето за телевизијата „Антена“, 39,6 отсто од анкетираните рекле дека се принудени да ги ограничат нивните основни потреби, 37,9 проценти одговориле дека се во тешка ситуација, но ќе одговорат на обврските, 15,5 отсто дека не можат да ги исполнат обврските, додека пак само 6,9 проценти не се особено погодени.

На политичката сцена и рејтингот на партиите, согласно резултатите од истражувањето на „Metron analysis“ за „Мега“, Нова демократија и понатаму е во водство но со едноцифрена разлика (7,6 отсто) во однос на опозициската СИРИЗА, а стабилна на третата позиција е партијата Движење на промена.

Истражувањето на „Metron analysis“ за грчката телевизија „Мега“ било спроведено од 16 до 21 март 2022 година со анкетирани 1.304 граѓани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Грција воведува шестдневна работна недела

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема