Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Од:

Двајца државјани на Северна Македонија биле уапсени во Грција, а потоа и осудени на затворска казна, откако грчката полиција во петокот при претрес на граничниот премин Дојран кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 бланко документи (лични карти, возачки дозволи, дозволи за престој) од разни европски земји, кои биле одземени.

При претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи, кои исто така биле одземени.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата уапсени ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години.

Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштетот не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење.

Би можело да ве интересира

Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Горан Наумовски

Километарски колони и доцнења на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција

Горан Наумовски

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини

Уапсени се 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – се стекнаа со над 7,5 милиони евра

А1он

Мицотакис: Европската перспектива на Балканот не смее да се одложува

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на војната во Украина кон Медитеранот