Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Од:

Бугарија и Грција постигнаа договор за враќање на посмртните останки на цар Самуил во Бугарија, соопшти бугарскиот премиер Румен Радев пред денешната седница на Министерскиот совет.

„По интензивни преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во неговата татковина“, изјави Радев.

Според него, бугарската влада денеска ќе го одобри текстот на договорот и ќе го овласти министерот за култура да го потпише со својот грчки колега. Документот предвидува реципрочно предавање на историски, религиозни и културни артефакти и реликвии на чување.

Радев посочи дека напорите на бугарската држава за враќање на посмртните останки на цар Самуил траат од 1965 година, кога грчкиот археолог, професорот Николаос Муцопулос, ги открил во базиликата на островот Свети Ахилиј во Малото Преспанско Езеро.

„Нам ни припадна историската чест да го постигнеме тоа“, рече Радев, заблагодарувајќи му на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за, како што наведе, „државничката визија, политичката храброст и волјата“ за постигнување на договорот.

Церемонијата на која на бугарската држава официјално ќе ѝ бидат предадени посмртните останки на цар Самуил е најавена за 3 октомври во Музејот на византиската култура во Солун.

На бугарската страна ќе ѝ бидат предадени и останките од уште два саркофага, откриени во истата црква, за кои се наведува дека припаѓаат на цар Гаврил Радомир и на други членови на царското семејство.

По транспортот до Софија со воен авион „Спартан“, посмртните останки на цар Самуил треба да бидат положени во специјален саркофаг во црквата „Света Софија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

А1он

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он