Симеон Сакскобурготски: Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

Од:

Поранешниот премиер на Бугарија и наследник на бугарскиот царски престол, Симеон Сакскобурготски, за македонско-бугарскиот спор вели дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите, а политичарите да се насочат кон практичните прашања и кон членството на Македонија во Европската Унија.

Сакскобурготски изјавата за медиуми поврзана со Македонија ја дал во Брисел, каде, како што претходно откри, случајно се сретнал со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

– Вчера случајно се сретнав со премиерот и ми беше многу драго. Мислам дека дијалогот во секој поглед е позитивен. Добрососедските односи се само во корист на сите. Треба да вложуваме напори. Пак ќе кажам нешто можеби политички некоректно. Сметам дека многу теми би требало да ги следат и разгледуваат историчарите, а ние да гледаме напред, кон практичното и кон влегувањето на Северна Македонија во ЕУ – рекол Сакскобурготски.

Сакскобурготски ја извршуваше функцијата премиер во 2007 година, кога Бугарија беше примена во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

Студентска листа најави референдум за влезот на Србија во ЕУ

Брод за транспорт на гас потона во Црно Море, во тек е потрага по преживеани – седум бродови потонаа за шест недели

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Бернам: Очекувам договор со ЕУ што ќе донесе придобивки и за Британија и за Европа

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина