Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

Од:

Мислеше дека навреме ги препозна измамниците и ја избегна стапицата, но само неколку минути подоцна уследи уште еден повик што целосно ја промени ситуацијата.

Една 70-годишна жена од Грција остана без 40.000 евра во готовина и 100 британски златни монети по една необична и многу добро осмислена измама.

Сè започна со телефонски повик кој е веќе добро познат низ целиот регион. Непознати лица ја известиja жената дека нејзината ќерка доживеа сообраќајна несреќа. Сепак, седумдесетгодишната жена не им поверува, како што пренесува грчкиот портал „Прототема“.

Приказната не заврши тука. Измамниците ја сменија тактиката и повторно ѝ се јавија, овојпат со друг глас. Тие се претставија како полицајци и ѝ објаснија дека претходниот повик навистина бeше обид за измама. Тоа, се чини, беше доволно за да ја добијат нејзината доверба.

Наводните полицајци ѝ кажаа на жената дека знаат за измамниците и дека е во тек операција за нивно фаќање. Ја убедија дека ќе испратат автомобил по неа за да може да учествува во операцијата. Ја замолија да ги земе парите што ги има кај себе.

За време на разговорот, тие ја држеа под постојан притисок и ја уверуваа дека ќе останат на линија цело време за да ја „заштитат“. На крајот, жената ги зеде 40-те илјади евра во готовина и 100-те британски златни монети и влезе во автомобилот што дојде по неа.

Наместо полициска интервенција, започна патување долго повеќе од сто километри. Со автомобил ја однесоа од областа Аркадија сè до Атина. Таа заврши во Мениди, каде што измамниците ја оставија, но без парите и златните монети што ги носеше со себе.

Дури откако стигна во Атина, жената телефонски стапи во контакт со својот син. Потоа беше однесена во полициска станица, а подоцна вратена во своето село.

Случајот е особено необичен поради начинот на кој сторителите ја стекнаа довербата на жртвата.

Првиот обид, со приказна за ќерка која наводно доживеа сообраќајна несреќа, беше неуспешен. Наместо да се откажат, измамниците токму тој неуспешен обид го искористија како основа за нов.

Претставувајќи се како полицајци кои истражуваат претходен повик, тие успеаја да ја убедат жената дека всушност соработува со вистинските органи на редот.

Би можело да ве интересира

Фатена е криминална група во Солун – прошверцува над 17 милиони цигари

А1он

Се претставуваат како спасители на повредени роднини и им ги земаат заштедите на повозрасните

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

Бугари измамиja 79-годишна жена кај Дубровник – и собраа 8.000 евра за „операција на нејзината внука“

А1он