Осудена кампањата за дезинформации на руската Амбасада во Франција за агресијата врз Украина

Од:

Руската Федерација на 24 февруари почна војна што претставува едно од најсериозните прекршувања на европскиот безбедносен поредок во последните децении. Жртвите на оваа агресија веќе се бројат во илјадници; бегалци и раселени лица, со милиони. Во отсуство на решителен воен напредок, руската армија ги зголемува своите бомбардирања против цивилното население и урбаните центри, што е кршење на меѓународното хуманитарно право, се наведува во соопштението на Групата за пријателство Франција-Русија во францускиот сенат, јави дописникот на МИА.

Човечката и економската цена на оваа братоубиствена војна ќе биде голема и за руското население, наведуваат сенаторите.

„Во овој драматичен контекст, руската Амбасада во Париз е вклучена во скандалозна и апсурдна кампања за дезинформација, осудувајќи ја особено нечовечката природа на нацистичкиот режим на власт во Украина, подготовката на различни сценарија на провокација, особено со средства на токсични хемиски агенси или кои би можеле да доведат до радиоактивна контаминација (…), осудувајќи ја наводната американска програма за биолошка војна спроведена во Украина, што беа соопштенија од Руската амбасада во Франција од 15 и 16 март 2022 година, се додава понатаму во соопштението.

Жерар Лонге, претседател на меѓупарламентарната група за пријателство Франција-Русија, остро ги осудува овие соопштенија на руската Амбасада, упатени до парламентарците и дистрибуирани на социјалните мрежи.

Руските дезинформации не се засноваат на докажани факти. Сеќавањето на значителната цена што ја плати советското население во лицето на нацизмот треба да забрани какво било несоодветно повикување на целта на „денацификација“. Што се однесува до обвинувањата за употреба на оружје забрането со меѓународното право, тие се особено загрижувачки, што предизвикува страв од ризик од неподнослива ескалација во овој конфликт.

„Комуникацијата на руските власти денеска наликува на обид на Орвел да конструира алтернативна реалност за легитимирање на агресијата и неприфатливите начини на дејствување“, со додава во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот