Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина со тоа што ќе се согласи на прекин на огнот со кој се признаваат сегашните борбени линии на фронтот, изјавија за Ројтерс четири руски извори, додавајќи дека Путин е подготвен да продолжи да се бори доколку Киев и Западот не одговорат позитивно.

Тројца извори изјавија дека рускиот функционер изразил фрустрација на мала група советници поради, како што смета, обидите на Западот да ги попречат разговорите и одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги одбие разговорите, објави Ројтерс во ексклузивна изјава.

– Путин може да се бори додека е потребно, но Путин е подготвен и за прекин на огнот – за замрзнување на војната – изјавил висок руски извор, кој соработувал со Путин и има познавање за разговорите на највисоко ниво во Кремљ.

Тој, како и другите цитирани извори, зборуваше под услов да остане анонимен поради чувствителноста на темата.

Ројтерс разговараше со вкупно пет луѓе кои работат или работеле со Путин на високо ниво во политичкиот и деловниот свет. Петтиот извор не го коментираше замрзнувањето на војната со сегашните фронтови, пренесува „Јутарњи лист“.

Би можело да ве интересира

Декларацијата на мировниот самит за Украина ја потпишаа 80 земји, но не и земјите на БРИКС

A1on

Буданов: Украинските сили со 70 дронови го нападнаа рускиот аеродром во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Путин најави нов мировен предлог

Русите го напаѓаат Киев

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин

Предраг Петровиќ