(ВИДЕО) Зеленски: Ќе знаеме кои ни се пријатели, а кој не предал за пари

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање ги предупреди западните лидери кои денеска ќе се сретнат во Брисел дека Русија ја користи својата економска моќ за да ги спречи сојузниците на Украина да се мешаат во војната.

„Знаеме дека Русите веќе почнаа да лобираат за нивните интереси. Тоа се интересите на војната. Знаеме дека тие работат со некои партнери“, рече Зеленски пред самитот на Г7, НАТО и Европската унија денеска во Брисел.

„Нашиот цврст став ќе биде претставен на сите три самити. На овие три самити ќе видиме кој е пријател, кој е партнер, а кој не предаде за пари“ – рече Зеленски.

Околу 40% од Европа се снабдува со руски гас. Европските лидери бараат алтернативни извори на енергија додека воведуваат санкции кон Москва.

Зеленски ќе се обрати на самитот на НАТО преку видео врска и се очекува да бара понапредно оружје, вклучувајќи авион и противвоздушен систем.

Бајден, кој исто така е во Брисел, се очекува денеска да објави нови санкции против Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема