Москва: Русија „радикално“ ќе ја намали воената активност во близина на главниот град на Украина

Од:

Русија денеска соопшти дека ќе ги намали воените операции во Киев и Чернигов со цел да се зголеми меѓусебната доверба и да се создадат неопходни услови за понатамошни преговори. Ова денеска го изјави заменикот министер за одбрана на Руската Федерација, генерал полковник Александар Фомин по руско-украинските разговори во Истанбул.

– Со оглед на тоа што разговорите за подготовка на договор за неутралност и ненуклеарен статус на Украина се префрлија на практично поле… донесена е одлука за радикално, неколкукратно намалување на воената активност во областите на Киев и Чернигов“, изјави Фомин.

Главниот преговарач Владимир Медински рече дека имало „смислена дискусија“ на разговорите и дека украинските предлози ќе му бидат доставени на рускиот претседател Владимир Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски