Јаременко: Немаме јасна слика колку е тешка хуманитарната состојба во Украина

Од:

Украинскиот заменик министер за здравство Олексеј Јаременко денеска изјави дека ситуацијата во Украина е многу тешка и оти руските сили продолжуваат да гранатираат станбени региони и болници.

– Во некои региони хуманитарните коридори не функционираат. Не можеме да однесеме лекови, вода и храна во градовите, посебно во Мариупол и Чернихив, посочи Јаременко.

Тој додаде дека Украина досега примила повеќе од 2.600 тони лекови и медицинска опрема, но оти има потреба за повеќе.

Јаременко посочи дека во изминатите 36 дена не се доставени лекови во Мариупол.

– Всушност, немаме јасна слика колку е тешка хуманитарната криза таму, но таа беше критична во последните неколку недели, истакна Јаременко.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород