Шолц: Западните земји ќе договорат нови санкции против Русија

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека западните земји наредните денови ќе се договорат да воведат повеќе санкции кон Русија, откако Украина ги обвини руските војници за воени злосторства во близина на Киев, јави ДПА.

„Во следните неколку дена ќе договориме понатамошни мерки од страна на сојузниците“, изјави Шолц, без да даде детали што би можеле да вклучуваат новите санкции.

Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин и неговите поддржувачи ќе претрпат последици за своите постапки.

„А ние ќе продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружје за да може да се брани од руската инва зија“, рече Шолц.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шолц воздржано зборуваше за можните трговски санкции против Кина

Шолц: Русија не е толку силна како што мислат луѓето сега

Шолц: Израелскиот напад врз Рафах ќе го отежне воспоставувањето регионален мир

Еурактив: Шолц ја спречи Урсула фон дер Лајен да се кандидира за шеф на НАТО

Шолц ги предупредува САД на зголемениот ризик од победата на Путин во Украина

Шолц на годишнината од ослободувањето на Аушвиц: Мрачните неонацисти се во пораст

Катерина Ѓуровски