Објавен нацрт-договор: „Русите се откажуваат од денацификацијата, Украина може да влезе во ЕУ“

Од:

Русија повеќе не бара Украина да биде „денацифицирана“ и е подготвена да му дозволи на Киев да се приклучи на ЕУ доколку остане воено неутрална, велат за „Фајненшл тајмс“ четири лица запознаени со преговорите меѓу Украина и Русија. Преговорите треба да продолжат денеска во Истанбул.

Москва и Киев разговараат за прекин на огнот како дел од можниот договор кој би вклучил повлекување на Украина од членството во НАТО во замена за безбедносни гаранции и пристап во ЕУ, соопштија анонимни извори.

Нацрт-документот за прекин на огнот не содржи никаква дискусија за трите клучни барања на Русија – „денацификација“, „демилитаризација“ и правна заштита на рускиот јазик во Украина.

Давид Арахамиа, шеф на партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и член на преговарачкиот тим на Киев, изјави за Фајненшл тајмс дека страните се блиску до договор за безбедносните гаранции и кандидатурата на Украина за ЕУ, но повика на претпазливост.

„Сите прашања се на маса од почетокот на преговорите, но има многу нерешени точки“, рече Арахамиа.

Друго лице кое известуваше за разговорите рече дека Украина е загрижена што Русија ја менува својата позиција речиси од ден на ден, и во однос на воениот притисок и во однос на барањата.

„Русија не може и нема да зборува за напредок бидејќи тоа може само да му наштети на преговарачкиот процес“, изјави вчера Дмитриј Песков, портпаролот на Путин.

„За жал, засега не можеме да зборуваме за некои значајни достигнувања и напредок“, додаде тој.

Според нацрт-договорот, Украина, исто така, ќе се воздржи од развој на нуклеарно оружје или лоцирање на странски воени бази во својата земја и ќе се откаже од напорите за влез во НАТО.

За возврат, Украина ќе го добие она што Арахамиа го нарече „формулација слична на членот 5 на НАТО“, според кој членките на Алијансата мора да си помогнат едни на други доколку некој биде нападнат – а безбедносни гаранции би дале 11 земји – Русија, САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Кина, Италија, Полска, Израел и Турција.

Нацрт-договорот што се разгледува ја изостави најголемата пречка – обидот на Украина да ја врати територијата што Русија ја окупираше од 2014 година – што треба да се реши во идните директни преговори меѓу Путин и Зеленски, велат изворите.

Москва, рече Арахамиа, побара Украина да ја признае руската контрола врз полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, како и две поддржани од Русија сепаратистички територии во источниот регион Донбас.

„Никогаш нема да признаеме други граници освен оние во нашата Декларација за независност“, рече Арахамиа.

„Ова е најкритичната точка“, додаде тој.

Засега, Украина е подготвена да разговара за хуманитарни прашања како што се обновувањето на водоснабдувањето на Крим и ветувањето дека никогаш нема да се обиде повторно да го окупира полуостровот со сила, велат изворите.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород