Во Буча откриена масовна гробница

Од:

Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко вчера на Твитер објави видео од разурнатиот град Буча, што вчера беше ослободен од руска окупација.

– Буча пред еден месец – прекрасно модерно предградие на Киев. Буча сега – штали бомбардирани и изгорени, куќи ограбени до последната лажица или уништени до земја, млади семејства убиени, мажи исчезнати, жени силувани, наведе Герашченко.

Додека градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук изјави дека во градот е откриена масовна гробница, каде се закопани 280 луѓе.

– Некои од убиените имаа само 14 години. Сите тие луѓе се убиени, застрелани во задниот дел од главата, истакна Федорук, додавајќи оти голем број од жртвите носеле бела лента, што е знак дека се невооружени.

Претходно, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат безживотни тела на улиците на градот Буча. Според дел од западните медиуми, најмалку 20 мртви мажи во цивилна облека биле пронајдени на една улица откако украинските сили вчера ја вратија контролата врз Буча.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород