Велика Британија ги прошири санкциите против Русија

Од:

Велика Британија најави нови санкции против „руските пропагандисти и државни медиуми“ против сопствениците на две телевизиски станици финансирани од Кремљ и еден истакнат водител поради инвазијата на Украина.

Британската влада во списокот на санкции ги вклучи рускиот телевизиски канал РТ, медиумската групација „Русија денес“ и 12 руски државјани, меѓу кои и генерал-полковник Михаил Мизинцев, шеф на рускиот национален центар за одбрана и новинарот Сергеј Брилев. Санкции се воведени и за Александар Жаров, шеф на медиа холдинг „Газпром“.

Ажурираната црна листа е објавена утрово на веб-страницата на британската влада.

„Британија стана светски лидер во разоткривањето на дезинформациите на Кремљ, а оваа последна серија санкции ги погодува бесрамните пропагандисти кои шират лажни вести и наративи на (Владимир) Путин“, рече министерката за надворешни работи Лиз Трус.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски