Воен експерт: Мариупол веројатно наскоро ќе падне

Од:

Воениот експерт Џек Ватлинг, научен соработник за копнена војна во лондонскиот одбрамбен тинк-тенк Royal United Services Institute, ја коментираше за Би-Би-Си војната во Украина.

Тој вели дека Ирпин, кој се наоѓа северно од Киев, е повторно под украинска контрола и покажува нееднаквост во моралот, опремата и набавките меѓу двете страни.

„Обично преземањето на теренот бара три пати поголем број на непријателски војници, а уште повеќе во урбана средина“, вели тој.

„Тоа покажува дека таму каде што Русите немаат артилерија, тие се навистина ранливи во моментов“, рече тој.

Ватлинг, исто така, вели дека е многу веројатно Мариупол наскоро да падне.

„Руските сили потоа ќе почнат да ги опкружуваат украинските единици во регионот Донбас на исток“, вели тој, што вклучува некои од најдобрите украински трупи кои и најдолго се борат.

„Тие ќе имаат малку муниција, ќе бидат многу уморни и тоа би било голем проблем за украинската армија“, вели тој.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород