Ердоган ќе се сретне со делегациите на Украина и Русија пред преговорите

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган информира дека накратко ќе се сретне со украинската и руската делегација пред нивните разговори.

Во телевизиско обраќање по седница на турската Влада, Ердоган рече дека во одвоените телефонски разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, е забележлив напредок во позитивна насока, но не даде други детали.

Руските и украинските преговарачи утре во Истанбул треба да започнат дводневни директни разговори.

Турција се надева дека претстојните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина ќе доведат до мир во Украина, изјави вчера турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– На иницијатива на турскиот претседател Ердоган, преговарачките делегации на Русија и Украина ќе се сретнат во Турција. Свесни сме за одговорностите кои произлегуваат од довербата што двете страни ја имаат во Турција. Се надеваме дека средбите ќе резултираат со траен прекин на огнот и мир, напиша Чавушоглу на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород