ВИДЕО: Украинската армија го објави најновиот извештај за руските напади

Од:

Генералштабот на украинската армија ја објави најновата проценка за ситуацијата во Украина.

„Руското раководство се подготвува да формира свои окупаторски власти на привремено окупираните територии. Во Русија, вработените во органите на редот се избираат и испраќаат во Украина“, се вели во соопштението.

„Во регионот Херсон, ФСБ, 652. група на информациски и психолошки операции и офицери на 12. Генерален директорат на Генералштабот на Руската Федерација работат на создавање на уште една псевдорепублика во регионот. Нивната работа е да прават т.н. работа со локалните власти и јавноста. Окупаторите се повеќе се деморализираат.

Во единиците на 60-та одделна моторизирана бригада на 5-та севоена армија на Источниот воен округ, двајца команданти на вод беа отстранети од функцијата поради непочитување на наредбите. Во Доњецк ќе пристигне заменик-командантот на бригадата за воено-политичка работа“, се вели во проценката на Генералштабот на украинската армија.

„Во единиците на Балтичката флота, особено на 79-та одделна моторизирана бригада на 11-тиот армиски корпус, забележани се бројни одбивања за служба и неподготвеност за потпишување договори со „регрути“.

Воената опрема на руските вооружени сили се префрла на територијата на Белорусија, најверојатно заради прегрупирање на единиците и создавање резерва.

Вооружените сили продолжуваат со одбранбените операции во источниот, југоисточниот и североисточниот правец. На сите правци непријателот е успешно задржан, во некои нашите единици изведуваат успешни контранапади.

Поточно, одбиени се пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск, уништени се 10 тенкови, 18 единици оклопни возила и 13 единици моторни возила и 15 артилериски системи. Непријателот претрпе загуби.

Вооружените сили на Украина погодија 4 авиони, беспилотни летала и 2 крстаречки ракети. Авионите на воздухопловните сили продолжуваат да лансираат ракетни и бомбашки напади врз опремата и противничката жива сила“, се вели во извештајот на Генералштабот на украинската армија.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород