Користењето на буквата „Z“ во контекст на руската агресија ќе се казнува во Германија

Од:

Поединци кои ја прикажуваат буквата „Z“ во Германија за да ја симболизираат поддршката за руската војна во Украина би можеле да бидат обвинети, изјави денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

„Буквата Z како таква, се разбира, не е забранета, но нејзината употреба во поединечни случаи може да претставува одобрување на руската воена агресија“.

Буквата Z се користи како ознака на руските воени возила што учествуваат во конфликтот и е усвоена од Русите кои ја поддржуваат војната, при што е истакната на знамињата и на митинзите за поддршка на Кремљ.

„Руската агресивна војна врз Украина е криминален чин и оној кој јавно ја одобрува таа агресивна војна, може да биде кривично гонет“, рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи на редовната прес-конференција.

Министерот за внатрешни работи на покраината Берлин претходно изјави дека градските власти ќе се осврнат на случаите кога симболот Z се користи за поддршка на агресијата на Русија, по најавите на Баварија и Долна Саксонија дека и тие ќе ги казнат таквите дела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани