Украинците ги обвинуваат Русите за употреба на гранати забранети со Женевската конвенција

Од:

Украинските власти ги обвинија руските сили дека истрелале фосфорни гранати врз градот Маринка во источна Украина.

– Русите повторно употребија фосфорни гранати во Маринка, соопшти на Телеграм началникот на воената управа во Доњецката област Павел Кириљенко.

Маринка е град кој имал околу десет илјади жители пред руската инвазија.

„Десетина пожари (предизвикани од тие гранати) се локализирани и изгаснати од страна на Државната служба за вонредни состојби“, додаде тој.

Оружјето со фосфор е запаливо и неговата употреба против цивили е забранета, но не и против воени цели, според Женевската конвенција од 1980 година.

На 25 март, Русија негираше дека го прекршила меѓународното право, откако Украина неколку пати ја обвини дека користела таква муниција за време на нејзината офанзива.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород