Војната ќе трае додека Путин не биде мртов или уапсен вели украински пратеник

Од:

Дмитрo Наталука, пратеник во украинската Врховна Рада кој сега е дел од одбраната на Киев, изјави дека војната во Украина ќе трае се додека рускиот претседател Владимир Путин е жив или барем додека не биде уапсен.

Наталука моментално носи пушка со себе, работи како курир што врши достава на медицински материјали каде што е потребно.

Во сторијата што за него ја објави Би-Би-Си, Наталука вели дека украинските пратеници биле однапред утврдени како мети, притоа повикувајќи се на информации добиени од разузнувачките служби.

– Ги добивме овие пушки за да се грижиме за себе бидејќи немаме никакво обезбедување, истакна Наталука за Би-Би-Си.

– Изгледаме како цивили, ние всушност сме цивили и затоа ни е многу полесно да се прикрадеме на места каде што не смее да се видат војниците и да ги снабдуваме со она што им е потребно, вели тој.

Наталука, кој е дипломец на Универзитетот Кембриџ, вели дека во моментов прави она што мора да го направи.

– Изгубив двајца пријатели во последните неколку дена, едниот во Мариупол, другиот во близина на Буча. Мојот пријател од Мариупол можеше да преживее доколку беше опериран, но немаа инструменти, вели тој.

Украинскиот пратеник е уверен дека Киев нема да падне, оти мора да се победи независно од цената бидејќи премногу добри луѓе веќе ги дале животите за тоа.

Запрашан за тоа до кога би можела да трае војната во Укрина, тој истакна дека нема да има мир се додека Путин е жив или барем се додека рускиот претседател на биде уапсен, притоа истакнувајќи дека тоа би можело да се случи во рок од шест месеци.

Би можело да ве интересира

Британец ослободен од затвор и се вратил да се бори на страната на руската армија, неговиот татко „згрозен“

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци