ВИДЕО: Русите со шок бомби ги растераа демонстрантите во окупиран украински град

Од:

Снимки од окупираниот украински град Енерходар покажуваат експлозии и облаци од бел чад на плоштадот за време на протестот на Украинците против руските сили кои го окупираа градот.

Жителите на јужниот украински град се собраа да протестираат против руската агресија.

Тие ја пееја и химната, а потоа почнаа да одекнуваат шок бомби и истрели.

Локалните власти соопштија руските војници привеле некои од жителите што протестирале. Во посебна објава локалната власт вели: „Окупаторите со експлозии ги растераа демонстрантите“.

Локалните власти, исто така, ги обвинија руските сили дека денеска гранатирале друг дел од градот, при што во нападот биле повредени четири лица.

Енерходар се наоѓа на реката Днепар во јужна Украина и е дом на работниците во блиската нуклеарна централа Запорожје.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков