САД и сојузниците: Кина да се воздржи од поддршка за Москва, Русија да се држи изолирана

Од:

Заменичката државен секретар Венди Шерман синоќа разговараше со генералните секретари во министерствата за надворешни работи на Франција и на Италија Франсоа Делатре и Еторе Секуи, како и Тјорвен Белман, политички директор на МНР на Германија и Џејмс Клеверли, британски министер за Европа и Северна Америка.

Како што соопштија од Стејт департментот, во текот на разговорот тие се сложиле дека земјите, вклучувајќи ја Народна Република Кина, треба да се воздржат од материјална поддршка за Русија, која треба да се држи изолирана од меѓународната сцена.

– Во разговорот, Шерман повторно ја изразила поддршката на САД до Украина во нејзините обиди да се постигне прекин на огнот и дека се врши внимателно набљудување на акциите на руските сили на теренот во Украина, изјави портпаролот Нед Прајс.

Групата дипломати дискутирале за идните мерки Русија и Белорусија да се повикаат на одговорност за оваа војна, и потребата од сите земји, вклучувајќи ја Народна Република Кина, да се воздржат од материјална поддршка за Русија, изјави тој.

Се дискутирало и за влошената хуманитарна ситуација во Украина, и ударот од војната на Путин за глобалното снабдување со храна.

– Tие се согласија да се продолжи со координираните напори за изолација на Руската Федерација на меѓународната сцена, со оглед на флагрантното кршење на меѓународните закони и принципи, изјави тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски