Киев: Запрено напредувањето на руските сили

Од:

Украински владини претставници денеска изјавија дека е запрено напредувањето на руските сили во североисточните предградија на Киев и во јужниот регион Херсон.

Градоначалникот на Бровари, лоциран североисточно од Киев, наведе дека руските сили заминале од околината на градот.

– Украинските вооружени сили денеска ќе извршат одредени операции за чистење, изјави градоначалникот на Бровари, Игор Сапожко. Руските сили не го зазедоа Бровари и покрај тешките борби во соседните села.

Претходно, советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович на Телеграм објави дека украинските сили го ослободија градот Вишхород, што е лоциран северно од Киев

Според Арестович, украинските сили ја вратиле контролата врз 11 градови и села во јужниот регион Херсон.

Додека Херсон, е единствениот голем украински град заземен од руските сили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород