Кличко: Од почетокот на руската инвазија во Киев загинаа повеќе од 100 цивили

Од:

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека повеќе од 100 луѓе загинале во главниот град на Украина откако Русија ја нападна Украина.

Тој додаде дека од избивањето на војната во Киев се уништени 82 повеќекатни згради.

Од почетокот на инвазијата во Киев загинале четири деца, а 16 повредени деца се во болница, рече Кличко.

Тој додаде дека владата не можела да идентификува повеќе од 20 тела во Киев.

Би-Би-Си потенцира дека тврдењата не можат да се потврдат од независни извори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“