ВИДЕО: Украинската војска објави цртан филм во кој ги исмева Русите

Од:

На Јутјуб профилот на Копнените сили на Украина е објавено анимирано видео во кое се исмејува руската армија.

На цртаниот филм се гледа група ракови во шлемови со украинско знаме и галеб со буквата „З“ кој се обидува да ги нападне. Напаѓа, но, раковите се собираат и го одбиваат галебот кој останува поразен легнат на земја.

Претходно денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина објави нови податоци за наводните руски воени загуби.

Се тврди дека Русите изгубиле 17.000 војници од почетокот на инвазијата на 24 февруари до денес. Тие додаваат дека нивните сили уништиле 586 руски тенкови, 1.694 оклопни борбени возила, 302 артилериски системи, 123 авиони, 127 хеликоптери, 54 системи за противвоздушна војна, седум бродови.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски