Украински преговарач за улогата на Роман Абрамович во преговорите

Од:

Дејвид Арахамија, шефот на украинската делегација во преговорите со Русија, позитивно ја оценува улогата на рускиот олигарх Роман Абрамович во преговорите, во прво време како „неофицијален канал за комуникација“.

– Всушност, да бидам искрен, улогата што ја игра е многу позитивна. Но, не разбирам зошто почна да игра јавна улога. Во почетокот тој беше дополнителен канал во комуникациите, неофицијален канал што помага да се зборуваат сложени работи на нормален човечки, а не на дипломатски јазик, изјави украинскиот преговарач.

„Тој повеќе не се ни крие, тој е веќе дел од лицата вклучени во преговорите“, рече тој.

Арахамија смета дека Абрамович се обидува да се позиционира како неутрална страна во преговарачкиот процес.

– Иако не го доживуваме како неоутрална страна, сепак можеме да кажеме дека тоа е понеутрална од официјалната страна на преговорите, додаде шефот на украинската делегација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски