Сепаратистите тврдат дека контролираат голем дел од Донбас, Кадиров: Мариупол е наш

Од:

Проруските сепаратисти во Донбас потврдија дека ја контролираат речиси целата област на Луганск и половина од Доњецк, а заземањето на таа територија во источна Украина Москва ја наведе како приоритет на својата воена операција.

„Утрово, на 31 март, беше ослободена повеќе од 90 отсто од територијата на Народна Република Луганск“, соопшти локалната власт на регионот, чија независност Русија ја призна пред инвазијата на Украина.

Пред руската офанзива, сепаратистите, кои се во војна со украинските сили од 2014 година, контролираа приближно една третина од териториите на Доњецк и Луганск.

Во Доњецк, градот Мариупол, кој беше опколен со недели, падна во рацете на руските и проруските сили, тврдат Русите. Рамзан Кадиров, лидер на Чеченија, руската кавкаска република, рече дека 90 до 95 отсто од Мариупол е под руска контрола.

Според него, последните украински бранители во Мариупол се во металуршкиот комбинат Азовстал. Според украински извори, во Мариупол се водат жестоки борби и градот се уште е под контрола на украинските сили.

Руската страна најави прекин на огнот во 9 часот за евакуација на десетици илјади луѓе од градот.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород