Бербок: Германија нема оружје што би можело веднаш да биде испратено за Украина

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска во Летонија изјави дека Германија ќе обезбеди обуки и одржување за потребите на украинската армија, пренесува Си-Ен-Ен.

– Додека другите партнери сега обезбедуваат воена помош, Германија ќе помогне со обука и одржување, рече Бербок додавајќи дека Германија во овој миг нема на располагање оружје што би можело веднаш и без одлагање да биде испратено во Украина .

Бербок на прес-конференција со нејзиниот летониски колега Едгарс Ринкевичс, рече дека Германија одлучила да не објавува јавно какво оружје претходно испратила во Украина.

– Испративме противтенковско оружје, стингери (проектили за противвоздушна одбрана и многу други оружја за кои не зборувавме јавно, рече Бербок.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина