Финска се подготвува за историски пристап во НАТО

Од:

Финска се подготвува до крајот на јуни за потенцијално историска одлука за својата кандидатура за членство во НАТО, со цел да ја одврати руската агресија, пишува денеска АФП.

Финска, нордиска држава со 5,5 милиони жители, во врска со воените прашања, традиционално застана на страна, делумно за да не го испровоцира својот источен сосед, Русија, со која ја дели границата долга 1.300 километри.

Но, руската инвазија на Украина на 24-ти февруари ја удвои поддршката на финските граѓани за членство во НАТО од 30 на 60 отсто, според серијата анкети.

Финска, заедно со Шведска, доби јавно ветување од генералниот секретар на Унијата, Јенс Столтенберг, дека ќе ја држи отворена вратата на алијансата, a доби изрази на поддршка од многу членки, како што се САД, Обединетото Кралство, Германија, Франција и Турција.

Но, Кремљ веројатно ќе го сфати обидот на Финска да се приклучи на НАТО како провокација, бидејќи проширувањето на сојузот предводен од САД до руските граници е првостепен безбедносен проблем за руските власти.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО