Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Од:

Претседателот на Финска, Александар Стуб, смета дека одлуката на владата да ја задржи затворена границата со Русија била правилна, бидејќи помогнала да се спречи ескалација на тензиите со Русија.

Тој истакна дека Русија игра „двојна игра“, пренесува финскиот јавен сервис Иле.

„Првата е дека Русија, Путин, ги користи луѓето како алатка во војна која е безмилосна, цинична и фундаментално погрешна. Веќе се вклучени многу луѓе од Ирак, Јемен, Етиопија и Сирија, приближно 1.300-1.500 луѓе. Другата страна е стравот на Русија дека мобилизацијата ќе доведе до бегство на Русите од земјата преку Финска“, рече Стуб.

Би можело да ве интересира

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател