Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Од:

Во престрелката што денеска се случи во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки, во која еден ученик загина, а двајца се ранети, меѓу повредените е и девојче со албанско потекло од Косово, соопшти косовското Министерство за надворешни работи.

Како што наведуваат во соопштението на Фејсбук, Министерството преку амбасадата на Косово во Стокхолм од членови на семејството успеало да потврди дека меѓу ранетите има и девојче од Косово.

Се додава дека косовската амбасада во Финска е во контакт со семејството на повреденото девојче.

– Амбасадата на Косово во Стокхолм е во постојан контакт со локалните власти и семејството на повреденото девојче и понуди помош, согласно упатствата добиени од Министерството за надворешни работи. Министерството ќе ја информира јавноста веднаш штом ќе добие нови информации поврзани со овој трагичен настан – се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина, 12 повредени во престрелка на забава за Денот на вештерките

A1on

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

Пукање во Чаир, еден повреден

Три жени ранети во престрелка во Англија

(ВИДЕО) Вооружен маж во Киев влезе во продавница и почна да пука: Има повредени