Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Од:

Финска денеска забрани влез и движење на возила со руски регистарски таблички без посебни дозволи, објавија скандинавските медиуми повикувајќи се на извори во Државната царинска управа на таа земја.

Употребата на автомобили со руски регистерски таблички ќе биде овозможена во ограничен број случаи: редовни студенти, вработени со договор на определено време или државјани на земјите-членки на ЕУ или на Европската економска заедница кои се со постојан престој во Русија.

„Зелено светло за заминување“ во овие случаи значи дека возачите мора да докажат дека легално го увезле автомобилот во Финска пред да стапи на сила забраната.

Инаку, другите балтички држави и некои други членки на ЕУ веќе го забранија влезот на автомобили со руски регистарски таблички. Вакви забрани воведоа и Полска, Финска, Норвешка и Бугарија. Царинската управа на Литванија на 11 март го заплени првиот автомобил со руски регистарски таблички на контролниот пункт Мединнкај на литванско-белоруската граница. Во меѓувреме, руските граѓани најмногу го користат транзитниот воз од Калининград за да стигнат до ЕУ преку Литванија.

Би можело да ве интересира

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он