Украина предлага специјални преговори со Русија за евакуација од Мариупол

Од:

Украина предложи специјални преговори со Русија со цел да се најде решение за евакуација на заглавените украински борци и цивили од Мариупол.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак преку Твитер предложи преговори настрана од мировните. Двете земји одржаа неколку рунди разговори од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, но без голем напредок и со меѓусебни обвинувања за нивниот неуспех.

Неговиот предлог доаѓа во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски го чека пристигнувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин, со кои ќе разговара за натамошната воена помош од САД.

Мариупол е еден од најпогодените градови од рускиот напад бидејќи на Москва и е потребна контрола над него заради копнениот премин од Донбас, кој делумно е под контрола на руските сили, до Крим, кој го анектираше во 2014 година.

Поголемиот дел од градот е уништен, а Киев и неговите западни сојузници стравуваат од масовни убиства на оние кои не побегнале. Во фабриката за челик Азовстал сè уште има околу 2.500 украински и странски војници, но нивните резерви се при крај. Тврдат дека со нив се околу илјада цивили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски