Борел: Поради злосторствата во Украина итно да се донесат нови санкции

Од:

Поради злосторствата во Украина итно да се донесат нови санкции, истакна шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

Фотографиите од големиот број смртни случаи и цивилни жртви, како и од уништувањето на цивилната инфраструктура, го покажуваат вистинското лице на бруталната агресивна војна што Русија ја води против Украина и нејзиниот народ. Масакрите во Буча и во други украински градови, ќе бидат ставени на списокот со злосторства, извршени на европското тло, смета Борел.

Тој во соопштението наведува дека руските власти се одговорни за извршените злосторства според „одговорностите во рамките на меѓународното право за окупација“ и додава дека сторителите на воени злосторства и други тешки прекршоци ќе одговараат, како и одговорните државни службеници и воени раководители.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски