Би-Би-Си: Наративот на Кремљ е дека санкциите се цена што Русија мора да ја плати за слободата

Од:

Можете да бидете сигурни дека Кремљ по однос санкциите како и во минатото ќе го користи истиот наратив – дека Западот изнаоѓа секакви изговори за да ја санкционира Русија, пишува Би-Би-Си.

Агенцијата ја коментира минатонеделната изјава на рускиот претседател Владимир Путин кога вели дека Западот со години води економска војна против Русија со цел да го поткопа нејзиниот развој.

Според Би-Би-Си, Путин на тој начин се обидува да им каже на Русите дека тие всушност се жртви и оти нема причинско-последична врска со она што се случува во Украина. А руските медиуми пренесуваат цитати на Путин, кога вели дека западните санкции се цената што Русија мора да ја плати за слобода и независност.

Притоа наративот на Кремљ, коментира Би-Би-Си, е дека тоа не е војна – тоа е специјална воена операција дизајнирана да ги брани интересите на луѓето што зборуваат руски што живеат на истокот на Украина.

Според анализите во написот, Кремљ ја прикажува Украина како вистинскиот агресор, дека на рускиот народ му се пренесува дека Украина се обидува да се здобие со нуклеарно оружје, дека има докази за обиди да развие биолошко оружје, како и дека би ги употребила.

Што се однесува на снимките од Буча, според Би-Би-Си, Русите го гледаат тоа, но им се вели дека се работи за лажна информација.

Според Би-Би-Си, во Русија е мошне тешко да се обзбеди пристап до алтернативни извори на информации, дури и преку до каналите на социјалните медиуми – бидејќи многу од нив не се достапни во Русија, и оттаму толку многу Руси веруваат во она што им се кажува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници