Кампањата „Правда за Украина“ во Лондон го покажа нацрт обвинението против Путин

Од:

Кампањата „Правда за Украина“ што почна во Велика Британија објави нацрт-обвинение против рускиот претседател Владимир Путин за кривично дело агресија врз Украина, а е составено од експерти од англосаксонското право.

Обвинението, составено од Рајан Гудман, професор по право на Универзитетот во Њујорк и Ребека Хамилтон, вонреден професор по право на Правниот факултет на Универзитетот во Вашингтон, служи како „примерно кривично обвинение“ против рускиот претседател за злосторството „почнување и спорведување на агресивна војна“, со инвазијата врз Украина.

Поддржувачите на кампањата, вклучувајќи го и поранешниот премиер Гордон Браун, веруваат дека судот за кривичното дело агресија може да обезбеди брз пат до правдата за украинскиот народ.

Браун кажа дека, по ужасите во Буча, Бурза и Киев, и загриженоста на светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, кои мислат дека е извршен геноцид, важно е поттикнувачот на војната да се изведе пред лицето на правдата што е можно поскоро.

Кампањата за петиција за формирање на судот има повеќе од 1,75 милиони потписи.

-Денеска го објавуваме текстот на кривичното обвинение против претседателот Владимир Путин за иницирање и спроведување на руската агресивна војна, рече Браун.

„Нашето обвинение ја покажува природата и тежината на случаите што обвинителите за воени злосторства би можеле да ги следат пред меѓународен трибунал. Новите злосторства пријавени оваа недела ја направија меѓународната акција против него поитна и поважна“, додаде тој.

„Време е нашата порака дека нема да стоиме настрана, туку ќе се обединиме и ќе го прогонуваме Путин ширум светот, да стигне до неговиот поблизок круг, кој мора да биде предупреден дека тие се предмет на казна за злосторствата во кои учествувале“, се наведува од кампањата „Правда за Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски