Анасаускас: Русија веќе има нуклеарно оружје во Балтичкиот регион

Од:

Русија веќе има нуклеарно оружје во Балтичкиот регион, изјави денеска литванскиот министер за одбрана Арвидас Анасаускас како коментар на најавите на Русија дека ќе го зајакне воениот арсенал во регионот доколку Шведска и Финска решат да се присоединат кон НАТО.

Анасаускас рече дека руски нуклеарни ракети се распоредени во Калининград на Балтикот уште пред актуелната криза во Украина.

„Сегашните руски закани делуваат чудно кога е познато дека независно актуелната ситуација тие го имаат тоа оружје на сто километри од границата со Литванија. Нуклеарно оружје отсекогаш имало во Калининград. Меѓународната заедница, државите од регионот го знаат тоа. Оружјето се користи како закана“, ја пренесуваат литванските медиуми изјавата на Анаскаускас.

Руската енлклава Калининград на брегот на Балтичкото Море се наоѓа меѓу копнената граница на Полска и на Литванија, и двете држави членки на НАТО.

Литванската премиерка, Ингрида Симоните, денеска ги нарече „ништо ново“ руските предупредувања за зајакнување на воениот арсенал во Балтичкиот регион, вклучвајќи и со нукеларно оружје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски