Во Русија блокирана интернет-страницата на „Хјуман рајтс воч“

Од:

Во Русија од денеска е недостапна интернет-страницата на невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) на барање на Државното обвинителство на Русија и одлуката на Министерството за правда.

Руското Министерство за правда на 8 април го отстрани ХРВ од списокот на претставници на меѓународни невладини организации поради „прекршување на законот“, како и „Амнести интернешенел“, која еден ден подоцна објави дека сепак ќе продолжи да работи во Русија.

ХРВ во соопштението наведе дека во Русија работи 30 години, а одлуката на Министерството за правда ја оцени како „нова железна завеса“ и долгорочна намера на руската Влада да ги задуши критичките гласови во Русија.

Руското Министерство за правда отстрани 15 организации од списокот на претставници на меѓународни организации и регистрирани невладини организации, со образложение дека тие „го прекршиле рускиот закон“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски