Блинкен: Војната е далеку од завршена, Украина се подготвува за следната фаза

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека војната во Украина е далеку од завршена и покрај повлекувањето на руските војници од околината на Киев.

– Русија ги прераспоредува своите сили за да продолжи со нападите во источна и јужна Украина, истакна Блинкен.

Тој посочи дека САД, нивните сојузници и партнери мора да ја зголемат воената помош додека Украина „се подготвува за следната фаза од борбата за својата слобода и иднина“.

– Се обидуваме што повеќе да ја зајакнеме позицијата на Украина во преговорите и да го зголемиме притисокот врз Путин, наведе Блинкен.

Според него, САД и меѓународната заедница ќе ја претворат војната, иницирана од рускиот претседател Владимир Путин, во долгорочен стратешки неуспех на Кремљ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски