Руското Министерство за одбрана потврди дека бродот „Москва“ е „тешко оштетен“

Од:

Рускиот крстосувачки брод „Москва“ е „тешко оштетен“ во пожар предизвикан од експлозија на муниција, соопшти вчера Министерството за одбрана.

Екипажот е евакуиран, а во тек е истрага за инцидентот. Но, руското Министерство за одбрана не наведе каде се случил инцидентот.

Украинските власти претходно објавија дека пожарот на бродот Москва е предизвикан од ракетен напад.

Гувернерот на областа Одеса, Максим Марченко изјави дека „ракетите од Нептун кои го штитат Црното Море предизвикале голема штета на тој руски брод“.

Бродот Москва учествуваше во првите денови од инвазијата врз Украина и во нападот на Островот на змиите во Црното Море, при што беа заробени 19 припадници на украинската морнарица кои подоцна беа разменети за руски затвореници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина