Неуспешна евакуацијата од Мариупол

Од:

Украинските власти претходно денеска соопштија дека планираат евакуација на цивили од Мариупол, кој се очекува целосно да падне во рацете на Русија во наредните денови, но се чини дека обидот за евакуација не успеа.

Помошникот градоначалник на Мариупол ги обвини руските сили, велејќи дека 200 жители се собрале за да бидат евакуирани, но руската војска им кажала дека може да има гранатирање, пренесува Скај њуз.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за голем број неуспешни обиди да им помогнат на цивилите да дојдат на безбедно.

Претходно оваа недела, Русија тврдеше дека го „ослободила Мариупол“, иако украинските трупи остануваат во комплексот на фабриката за челик Азовстал.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски