За првпат од почетокот на војната, повеќе луѓе влегле во Украина од Полска, отколку обратно

Од:

За првпат од почетокот на војната во Украина, во земјата пристигнале повеќе луѓе од Полска, отколку што ја напуштиле, јави БГНЕС.

Сè поголем број лица влегуваат во Украина, за да посетат роднини или да се вратат во своите домови.

Податоците на полската гранична служба покажаа дека во саботата 22.000 лица преминале во Украина, а 19.200 ја напуштиле земјата, пренесуваат денеска западни медиуми.

Некои се враќаат за да ги видат своите семејства, дури и на само неколку денови и остануваат близу границата.

Други пак, се враќаат во своите домови и покрај предупредувањата на официјални лица, како на пример тоа, на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Според ОН, милиони луѓе си заминаа од Украина од почетокот на војната. Но, веќе над 650.000 лица ја преминале украинско-полската граница, враќајќи се во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски