Телефонски разговор Путин – Мишел, повик за хуманитарен коридор за Мариупол

Од:

Претседателот на Европскиот Совет ја потврди информацијата дека остварил телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата први ја објавија руските медиуми.

Пред неколку минути, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, преку Твитер потврди и посочи кои пораки му ги пренел на шефот на Кремљ во контекст на војната во Украина.

-Силен итен повик за хуманитарен и безбеден пристап од Мариупол и другите градови под опсада, посебно по повод православниот Велигден, напиша Мишел на Твитер за разговорот со Путин.

Тој на рускиот претседател му повторил дека единството на ЕУ е цврсто.

-Цврсто ја повторив позицијата на ЕУ: поддршка за Украина и нејзиниот суверенитет, осуда и санкции за руската агресија. Нашето единство, принципи и вредности не можат да се нарушат, напиша шефот на Европскиот Совет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски