Светот згрозен од масакрот на цивили на железничката станица во Краматорск

Од:

Голем број високи западни функционери остро го осудија нападот на железничката станица во Краматорск во Украина, во кој, според моментално достапните податоци, загинаа 39 цивили, меѓу кои и две деца.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас го нарече нападот „различно злосторство“, додавајќи дека прецизни проектили биле насочени кон луѓето кои бараат хуманитарна помош.

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас изјави дека е „згрозена“ од нападот, додавајќи дека „нападот врз цивили е воено злосторство“, а „Путин и Русија ќе одговараат за ова“.

Нападот го осуди и Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, кој истакна дека е „ужасно“ да се види како проектилот погодил една од главните станици за евакуација на цивилите во регионот.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, исто така, остро го осуди нападот, нарекувајќи го „нов обид да се затворат патиштата за бегство на цивилите од неправедната војна“.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки во разговор за Си-Ен-Ен зборуваше за „ужасни слики“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина