Путин: Непријателските земји ги уништуваат синџирите на снабдување на Арктикот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на виртуелен состанок на кој се разговараше за економските и развојните прашања на арктичките територии на Русија и северниот поморски пат, јави Би-Би-Си.

Во своето обраќање, Путин не се осврна директно на ситуацијата во Украина, но рече дека одбивањето на западните земји нормално да соработуваат со Русија – вклучително и за енергетските ресурси – им нанесува штета и на европските земји и на САД.

Тој рече дека „непријателските земји“ ги уништуваат синџирите на снабдување на Арктикот.

И покрај тоа што Путин призна дека Русија, исто така, страда како резултат на тоа, тој рече дека се отвориле „нови можности“ за испраќање енергетски ресурси во земјите каде што се „навистина потребни“.

Руската соработка со другите земји на Арктичкиот совет – Канада, Данска, Финска, Шведска, Норвешка, Исланд и САД – во голема мера е прекината од почетокот на војната во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски