Рускиот патријарх се надева на мир, но не ја осудува војната

Од:

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил изјави дека се надева оти конфликтот во Украина наскоро ќе заврши. Но, зборувајќи во пресрет на православниот Велигден, тој не ја осуди војната, пренесува Би-Би-Си.

– Господ нека го помири нашиот народ во Украина, во Донбас, каде што сѐ уште се пролева крв, рече тој на богослужбата на отворено во Москва.

Со изјавата всушно го повтори тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Русите и Украинците се во суштина иста нација, наведува Би-Би-Си.

– Господе, дај го овој велигденски подарок, да им помогне на оние кои се вклучени во овој тежок конфликт, да ги смират своите срца, умови, души, за што побрзо да завршат меѓусебните судири и да завладее долгоочекуваниот мир, рече патријархот.

Како близок сојузник на Путин, тој претходно даде изјави за поддршка на офанзивата на Москва во Украина и налути некои во Руската православна црква дома и во странство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски