Шојгу: САД и Западот ја развлекуваат руската воената операција во Украина

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека САД и другите западни земји „прават се за да ја развлечат руската воена операција во Украина“.

Тој за државната телевизија Русија 24 истакна дека е зголемен обемот на испораки на странско оружје за Украина што јасно укажува дека ќе се борат до последната украинска позиција.

Според Шојгу руските сили методично спроведуваат план за „ослободување на народни републики Доњецк и Луганск“.

Не е познато дали изјавата на Шојгу (66) беше пренесувано во живо или снимена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде прво јавно појавување на рускиот министер за одбрана по извесен период, по наводите дека тој има здравствени проблеми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници