Црна гора воведе санкции против Русија

Од:

Владата на Црна Гора во својот технички мандат на денешната седница усвои пакет рестриктивни мерки против Русија, изјави потпретседателот и мандатар Дритан Абазовиќ.

Абазовиќ на својот Твитер профил напиша дека на седница на црногорската Влада е усвоен пакет рестриктивни мерки против Русија. Црногорската Влада го усвои пакетот санкции против Русија во отсуство на претседателот на техничката Влада Здравко Кривокапиќ, кој престојува во Атина, каде што присуствува на економскиот форум во Делфи.

Со денешната седница претседаваше Абазовиќ, кој им се заблагодари за соработката на сите министри, на Владата, на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на делегацијата на НАТО и на Европската Унија во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски