Пентагон за бродот „Москва“: Русија се уште има доволно капацитети на море

Од:

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, смета дека инцидентот со крстосувачот „Москва“ само краткорочно ќе влијае врз воениот потенцијал на Русија, со констатација дека руската морнарица „има доволно капацитети“.

dobivaj vesti na viber

Според Кирби, Русија од почетокот на воената операција во Украина имала меѓу десет и 20 активни воени бродови во Црното и во Азовското Море, така што е „тешко да се процени каков точно ќе биде ефектот од онеспособувањето на овој брод“.

„Тие се уште имаат доволен број воени капацитети на море“, заклучува Кирби.

Претходно беше соопштено дека на воениот крстосувач „Москва“ избувнал пожар, по што дошло до експлозија на муниција на бродот што подоцна потонал.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека посадата на „Москва“ е евакиурана, како и дека не било воопшто оштетено ракетното оружје на бродот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Извозот на жито од Украина расте и покрај руската инвазија

Ана Ололовска

Пентагон: САД испраќаат два ракетни системи земја-воздух во Украина

Ана Ололовска

Норвешка вети една милијарда евра за поддршка на Украина

Ана Ололовска

Силни експлозии во украинскиот град Миколаев

Ана Ололовска

Путин: Ќе ја забрзаме интеграцијата на Русија со Белорусија поради притисокот од Запад

Предраг Петровиќ

Кадиров најави дека руската армија е пред градот Новодружеск